Мицкоски: Aнтивладин протест во Скопје на 2 јуни

16.05.2018 | 09:12
Прочитано: 1045

ВМРО-ДПМНЕ на 2 јуни во Скопје пред Владата на Република Македонија ќе организира народен протест, синоќа по седницата на Централниот комитет на партијата најави претседателот Христијан Мицкоски.

Ги повика сите оние, како што рече, добронамерници, сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Зоран Заев. Како што додаде, Мицкоски ја искористи приликата да му одговори на премиерот на поканата за тет а тет средба и посочи дека може да ја прифати, но место во кабинетот на премиерот го повика да се соочат на телевизија, пред граѓаните на Република Македонија.

Во врска со одржување лидерска средба рече дека до овој момент не е поканет и оти нема никакви информации за евентуална лидерска средба в петок.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.