Мичел: Преспанскиот договор можност да ве пречекаме како 30 земја членка во НАТО

13.09.2018 | 19:59
Прочитано: 1244

Референдумот е можност која се јавува еднаш или ниеднаш во генерација, затоа искористете ја можноста но и одговорноста и гласајте, порача заменик државниот секретар на САД Вес Мичел, после средбата со премиерот Заев.

„Мојата порака до секој Македонец кој денеска го сретнав беше иста, ова е одлука која само македонците можат да ја направат, Македонија е одамна на Евроатлансткиот пат, и ги повикуваме сите Македонци да ја искористат својата слобода но и одговорност на референдумот и да гласаат.“ - изјави Мичел.

За разлика од другите лидери и државници, Мичел директно кажа што му порачал на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Јас го повикав да биде јасен и да ги охрабри Македонците да излезат и да гласаат, и повторно кажав дека ова е ваша одлука.“ - изјави Мичел.

Одговорност, но и како што кажа вистински патриотизам, од опозицијата побара и премиерот Заев.

„Ги повикувам лидерите да излезат и да ги поканат граѓаните да гласаат. Тоа е за доброто на државата и на сите граѓани. Ја повикувам опозицијата да се определи јасно за иднината на нашата земја. Неодговореноста и непрепознавањето на историската шанса не се патриотски постапки, не се постапки на лидери.“ - изјави Заев.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за средбата со Мичел пак не се кажува ништо за пораките на представникот на Стејт департментот за референдумот, а од опозицијата велат дека мку повториле на Мичел дека не го прифаќаат преспанскиот договор бидејќи е штетен за Македонија.

Мичел во Скопје се сретна и со координаторите на пратеничките групи, претседателот на собранието Талат Џафери, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а Мичел немаше средба со претседателот Иванов. Веќе во понеделник во Македонија доаѓа и државниот секретар за одбрана на Сад, Џејмс Матис.


Сеад Ризвановиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.