Меси доби трет син

11.03.2018 | 16:16
Прочитано: 1406

Sвездата на Барселона, Лионел Меси, преку Инстаграм потврди дека му се родил трет син - Чиро Меси, откако клубот претходно објави дека поради „лични причини“ тој ќе го пропушти гостувањето кај Малага.

„Добредојде Чиро! Фала му на Господ се мина во најдобар можен ред. И мајката и бебето се добро. Пресреќни сме“, напиша Меси.

Освен ова на  Инстаграм се појави и фотографијата на која може да се видат фудбалерот и неговата сопруга Антонела Рокузо, но и двајцата постари браќа на Чиро, Тиаго и Матео.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.