Mехмедовиќ - ни требаат уште 200 вработувања во здравствен дом Скопје

22.07.2018 | 15:51
Прочитано: 1548

Во септември во здравствен дом Скопје ќе се вработат 40 луѓе, пред се лекари.

Но потребни се најмалку 200 вработувања во моментот за да има квалитетна здравствена услуга, вели доктор Злате Мехмедовиќ, директор на здравствениот дом Скопје, во неделното интервју на Радио слободна Европа.

Посочи дека планираат да се формира еден единствен центар на ИМП кој ќе прави сумирање на повиците од цела Македонија и после во зависност од тоа каде се наоѓаат диспечерските тимови ќе ја испраќа ИМП на терен. 

Тој рече дека и во патронажната служба имаат недостиг на кадар, но, укажа, поалармантна е ситуацијата во превентивните тимови кои се одговорни за имунизација, речиси се преполовени и наместо да има 28 школски и 27 предшколски тимови на територија на град Скопје, имаме 16 школски и 15 предшколски тимови.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.