Постои ли интергирано образование во Македонија?

14.12.2013 | 17:02
Прочитано: 2188

Македонија има интегрирано образование, но само на хартија. Иако поминаа три години од донесувањето на стратегијата за интегрирано образование со кое наместо од прво учениците од етничките заедници во земјава ќе може да изберат кога да започнат со учење на македонскиот јазик, на терен работите одат бавно.

На втората конференција за интегрирано образование домашните и странските експерти алармираа дека без меѓусебна комуникација на учениците од разчлични етнички заедници, не треба да не чудат тепачките по улиците и училиштата.

Заменик министерот за образование и наука Сафет Незири смета дека преку игра и запознавање на различностите, децата нема да заборават да ги почитуваат културата, јазикот и традицијата на своите другарчиња. 

Стратегијата за интегрирано образование беше изработена по истражувањата на меѓународната заедница кои покажале дека во образовниот процес има малку заеднички активности меѓу заедниците кои живеат во земјава. 

Со конференцијата во Скопје завршува првиот циклус на обуки за наставниците кои допрва треба да почнат да ги спроведуваат искуствата во училиштата.  


Светлана Божиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.