Меѓународен аматерски филмски фестивал во Кавадарци

03.03.2018 | 15:17
Прочитано: 1393

Меѓународен аматерски филмски фестивал се одржа денеска во Кавадарци, во организација на Советот за превентива против малолетничка деликвенција - СППМД, заедно со нивните проект партнери од Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Албанија, Бугарија, Чешка и од Австрија.

Филмскиот фестивал на кратки аматерски филмови, како што информираа организаторите, е дел од проектот “It's Time”, кој е поддржан од Ерасмус + програмата.        

Беа презентирани кратки клипови од сите овие земји на тема родова рамноправност, а имаше и промоција на песните со нивните спотови кои се изработени од млади од сите овие земји.

Фестивалот се реализираше во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.