Меган Маркл и кралицата Елизабета првпат заедно во јавноста

13.03.2018 | 10:35
Прочитано: 2006

Вереницата на британскиот принц Хари, Меган Маркл првпат се појави во јавноста до кралицата Елизабета, на одбележувањето на Денот на Комонвелтот, во лондонската Вестминстерска катедрала.

Според западните медиуми, тоа претставува значаен чекор во вклучувањето на американската актерка во британското кралско семејство. Тој момент беше бурно поздравен од насобраната толпа пред катедралата.

Ним им се придружија и принцот Вилијам со својата сопруга Кејт, принцот Чарлс и останатите членови на кралското семејство.

Свадбата на принцот Хари и Маркл ќе се случи на 19 мај во замокот Виндзор.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.