Медиумска (не)зависност

27.12.2017 | 13:46
Прочитано: 1207

Здружението на приватни електронски медуми Медиум објектив реагираа на можното владино „субвенциионирање“ на печатените медиуми во Македонија. Тие немаат ништо против евентуалната финансиска  помош за опстојување на  дневните весници и информативни неделници но се прашуваат зошто тогаш  се иземаат приватните  радија и телевизии.

„Да бидат исклучени сите други и да има само за печатените медиуми субвенции, тоа не е во ред, не знам зошто се остранети сите останати медиуми и дали не придонесуваат повеќе. Бројките кажуваат се и мислам дека доколку се изземат ќе има големо незадоволство кај другите медиуми.“ - вели Димитар Мицев од здружение на приватни електронски меидуми Медиум Објектив.

 

Димитар Мицев реагира бидејки трошоците на електронските медиуми се далеку поголеми  во однос на печатените во услови кога пазарот е ист и се помалку средства се издвојуваат за рекламирање од страна на реалниот сектор.  

„Доколку владата смета дека печатените медиуми имаат потреба од дополнителни финансии за да се одржуваат, повеќе потреба имаме ние, електронските медиуми, зошто трошоците се далеку поголеми за разлика од нивните“ - вели Мицев.

Владата планира да ги помогне печатените медиуми за опстојување во налетот и  развојот на социјалните медиуми при што одржа дебата за да се изнајдат моделите за подршка.

„Методологијата којашто мораме да ја дефинираме и начинот на којшто ќе се даде поддршката. Оваа влада на самиот почеток кажа дека нема владини реклами. Не би сакале некој да не доживее дека на овој начин правиме некаква друга форма на поддршка или било каков друг обид за влијание за контрола во медиумите “- и вели Роберт Поповски, министер задолжен за транспарентност и отчетност.

Здружението на печатени медиуми  каде членуваат десетина дневни весници и неделници бараат годишна државна финансики подршка  во висина од еден милион евра  оти се пред затварање.

„Тоа би се вклучило со помош на покривање од половина од трошоците и дистрибуција на половина од печатените медиуми. Предвидовме и дополнителни 20 проценти за помагање на медиумите на помалите етнички заедници.“ - изјави Лирим Дулови -Здружение на печатени медиуми

За дел од новинариите од интернет порталите, државната подршка на печатените медиумии е чиста глупост.

„Мислам дека ова е една од најлупите идеи на оваа влада. Ние како новинари, особено јас сум разочаран од колегите што бараат ваква работа, бидејќи ние кога треба да го критикуваме ДИК и сите други кои земале од буџетот, а нкога ние треба да земеме тоа е слатко, со кое право бараат државата да им ги плаќа нивните весници кои се застарен метод“ - вели Саше Ивановски Политико, новинар во интернет портал.

Во Буџетот за 2018 година, според Поповски, не с е предвидени  пари за подршка на печатените меидуми но доколку се договорат може да се изнајдат со евентуален ребаланс на идната година. Приватните телевизии и радиа очекуват  Владата да го слушне и нивниот глас оти и тие се пред затварање заради немање реклами.

 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

 

 


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.