Медицинските сестри сметаат дека се деградира нивниот труд

16.04.2018 | 17:31
Прочитано: 1807

Во државата не постои здравствена установа во која нема недостакот на медицински персонал, посочуваат од Здружението на медицински и стоматолошки сестри, техничари и акушерки. Се жалат дека некогаш дежураат и по 24 часа, а трудот не им е соодветно платен.

Токму затоа не го прифаќаат и најавеното покачување на надоместокот за ноќни смени. Тврдат дека ова е селективен пристап со кој ќе бидат опфатени докторите од повисоките рангови. Бараат да им биде платено  онолку  колку што дежурале.

„Онаа условно сменска работа за којашто ние дискутираме дека ќе се покачи до 65 проценти, практично во праксата не е така. Во нашите здравствени институции сестрите заради потребите на работата се организирани во 16 часовни смени, коишто не се смени, значи 16часовна работа не може да се толкува како сменска работа, a  да бидете платени како ноќен труд. Затоа нашата бараме да сме платени по основ на дежурства“ - вели Горданка Бешлиовска – претседателка на Унијата на Здруженија предводени од ЗМСТА - ЗА НАС (Здружението на медицински и стоматолошки сестри, техничари и акушерки) 

Медицинските сестри потенцираат дека поради дефицитот на персонал, некогаш дежураат и по целодневни смени. А овие како што велат, срамни суми, го потценуваат нивниот труд и ги бркаат докторите од Македонија.

„Ние немаме потреба од подобрување на коефициоентот само во ноќниот труд, ние во моментот сме срозени недостоинствено со општите коефициенти, врз основа на коишто сме платени. Не случајно.“  - вели Бешлиовска.
 
Овие забелешки, медицинските сестри писмено ќе ги достават и до Министерството во здравство, од каде ветија брз одговор.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.