Мец му го нанесе првиот пораз на Вардар

25.02.2018 | 17:34
Прочитано: 886

Ракометарките на Вардар попладнево на гостувањето кај Мец во Франција загубија со 24:22 и го претрпеа првиот пораз оваа сезона во Лигата на шампионите.

Вардарки ќе игра во четврт-финалето на ЛШ без оглед на денешниот пораз, а на македонскиот шампион во последните две кола, против Битигхајн на домашен терен и на гости кај Будуќност, ќе им треба само една победа за да влезат меѓу осумте најдобри.

По серијата од девет натпревари без пораз „црвено-црните“ првпат сезоната во било кое натпреварување загубија натпревар. Слабата игра во одбрана, но и добрата поставеност на противникот и нивната максимална концентрација во текот на целиот натпревар беше клуч за успехот на Французинките.

Во следното коло на 2 март во Скопје доаѓа Битигхајм.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.