Марадона: Ако продолжи вака, Сампаоли нека не се враќа во Аргентина!

18.06.2018 | 13:23
Прочитано: 2040

Диего Марадона е разочаран од тоа како фудбалерите на Аргентина играа против Исланд, но пред се неговите критики се насочени кон селекторот Сампаоли. Аргентина одигра лошо, не успеа да го победи Исланд, мечот заврши 1-1, а Меси промаши пенал.

„Ми се чини дека владее бес во срцето на тимот. Ова е срамота! Не бевме подготвени за натпреварот. Сампаоли не мора ни да се враќа во Аргентина ако продолжиме вака да играме“ - вели Марадона.

Прославениот фудбалер смета дека темпото на работа било слабо, а потенцира и дека промашувањето на пеналот не било клучно за останувањето без два бода.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.