МАНУ: Не може да се преговара за идентитетот и промена на уставот

20.03.2018 | 17:51
Прочитано: 2826

Потребно е да се изнајде взаемно прифатливо решение за прашањето со името и преговорите со Грција. Од МАНУ на годинешното собрание на академијата со порака до политичкото раководство да изнајде решение, но сепак велат за идентитетот и за промена на уставот не може да се преговара.

„МАНУ ги охрабрува политишките водства на двете страни да ја презематодговорноста и храбро да се соочат со реалностите на времето и потребата за градење на перспективи за заедничка иднина.  Менувањето на името на државата, а не и други прашања, особено не идентитетски прашања кои влегуваат во сферата на елементарните човечки права и за кои не се прегопвара“ - вели Таки Фити, претседател на МАНУ.

Покрај за името, претседателството на МАНУ и со став за законот за јазиците. За првиот човек на академијата, Таки Фити, македонскиот јазик има интегративна функција, а сите заедници што живеат во Република Македонија имаат легитимно право да бараат унапредување на употребата на нивните јазици. Сепак, дел од академиците побараа покрај претседателството на МАНУ, и собранието на академијата да заземе став околу законот за јазиците, но на посебна седница.

„Претседателството на МАНУ има свој став поврзан со прашањето за употербата на јазиците Тоа е став на претседателството, ние немаме став на собрание, сите заедници имаат легитимно право да бараат унапредување на употребата на нивните јазици. “ - вели Фити.

„Собранието на МАНУ на специјална затворена за јавност седница, расправа за прелогот за законот на јазиците и да изгради став и со него да оди во јавноста. Тоа не се случи, ќе биде загрозено правото и должноста на секоја македонски граѓанин независно од етничкото потекло да го употребува македонскиот јазик. Било кој јазик на малцинство од 20% ќе се наметне како хиерархиски надреден.“ - изјави Катица Ќулафкова – академик.

Претседателот на академијата, Таки Фити не сакаше да ја коментира постапката во која бил донесен законот, истакна дека за тоа треба да одлучи уставниот суд. Законот за употреба на јазиците минатата недела беше донесен во законодавниот дом во тензична атмосфера и без амандманска расправа.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.