Манчевски: Јавната администрација брои 139 илјади луѓе

31.03.2018 | 11:47
Прочитано: 2976

Вкупно 139.009 лица се вработени во јавниот сектор и тоа во 1.299 институции – обелодени денеска министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски. Вкрстената анализа на институциите покажува дека од нив дури 128.722 лица имаат засновано работен однос, а останатите спаѓаат во групата на вработени во акционерски друштва во државна сопственост и привремено вработени.

„Вкупната бројка на вработенитем вклучително со акционерските друштва и преку агенции запривремено вработувања, изнесува 139 009 лица. Според овие податоци во 2017 година, сме имале 1299 институции и 128 722 во работен однос во јавниот сектор, без акционерските друштва и оние преку агенции за привремено вработувања.“ - изјави Дамјан Манчевски.

Со слична бројка од над 127 илјади административци, пред две години излезе и тогашната министерка за информатичко општество Марта Арсовска, нејзиниот заменик во тоа време пак, Александар Кирацовски ја оспоруваше бројката и тврдеше дека станува збор за над 180.000 вработени во јавниот сектор.

„Вработените во јавниот сектор, заедно со привремено вработените и вработените во трговските друштва со доминантна или целосна сопственост на РМ, врз кои власта има директно влијание брои над 180 000 вработени.“ - изјави Александар Кирацовски.

Просечната старост според извештајот, на вработените во јавниот сектор е 45 години. Најголемиот дел од нив се вработени во образованието, а најмалку пак во земјоделство и шумарство. 42% од нив се со високо, а 34% со средно образование.

Телоп/Инсерт:
Образование 32%
Здравство 18%
Управа 15%
Комунални работи 10%
Труд и социјала 6%
Правосудство, транспорт и култура 3%
Земјоделство и шумарство 2%

Манчевски посочи дека се работи на промени во работата на администрацијата, која предвидено е во голем дел да се дигитализира. Мерките како што истакна министерот се со цел административците да работат поефикасно, но и граѓаните да бидат позадоволни.  Потребата од реформи во јавниот сектор во минатото беа посочувани во извештаите на европската комисија за земјава, но и во извештајот на Прибе. Јавната администрација беше критикувана за нејзината партизираност, преобемност и ефикасност.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.