Македонско–руски односи: Експертите повикуваат на внимателност

17.07.2018 | 20:21
Прочитано: 1983

Надлежните мора што посокоро да обелоденат дали и кој земал и давал пари за протестите пред Собранието, во спротивно ваквите тврдења без докази ќе нанесат политичка штета на односите меѓу Македонија и Русија – оценуваат дел од експертите за надворешна политика и повикуваат на винмателност во политичките изјави, во период кога Македонија чекори на евроатланскиот пат.

„Ако тие изјави се без почва тогаш лошо зборуваат за него, но ако е ова точно како што го кажува премиерот, тогаш навистина се остваруваат оние предвидувања коишто зборуваат дека Русија нема да остави така глатко да одат работите со усвојувањето на договорот од Преспа.“ - вели Мирче Адамчевски – аналитичар за надворешна политика.

Премиерот Зоран Заев, кој изјави дека членови на навивачката група Комити по протестите, во политиција признале дека руски бизнисмени давале пари за учество, вели дека Македонија сака да ги унапредува односите со Русија, но и дека нашата перспектива е во ЕУ и НАТО.

„Јас коментирам факти и изјави што допреле до мене и извештаите што ги знам.“ - изјави Заев.

На неговите изјави остро реагираа од руската амбасада, од каде побараа детална истрага и докази.

„Очекуваме дека македонската страна, во рамките на правното поле на својата држава и меѓународната практика, ќе спроведе детална и објективна истрага на наводите на кои алудираат посочените членови на Владата на Република Македонија и ќе и презентира на јавноста, како и на руската страна, реални факти, а не конструкции.“ - велат од Руската амбасада.

По изјавите на премиерот, проектот за известување за организиран криминал и корупција, го објави името Иван Савидис – руски бизнисмен во Грција, кој наводно дал 300 илјади евра на политичари и членови на Комити, за поттикнување немири во Македонија. Тој остро негираше и најави тужби.

Дека засиленото руско влијание и во двете земји е очекувано, потенцира и Адамчевски. Сепак, посочува дека иако Македонија јасно ја има поставено својата цел за влез во НАТО и ЕУ, не треба да ги затвора вратите и кон Русија.

„Не треба да да ја треснеме вратата. Треба сепак да се градат добри односи, затоа што утре може да влеземе и во НАТО и ЕУ, но не треба да бидеме непријатели со Русија.“ - вели Адамчевски.

Демант за руските влијанија стигна и од грчката страна. Најголемата опозициска партија се огради од било какви дипломатски влијанија во нивните протести против договорот за името. Сепак, официјална Атина, протера двајца руски дипломати непосредно пред самитот на НАТО, а грчките медиуми посочија дека наводно работеле против Преспанската спогодба.

 


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.