Македонските кошаркари денеска на дуел со Косово во Приштина

13.09.2018 | 10:09
Прочитано: 697

Македонската кошаркарска репрезентација во втората фаза од претквалификациите за Европското првенство 2021 година денеска на гостински терен ќе игра против Косово, а почетокот на дуелот е во 20:30 часот.

Селекторот Јорданчо Давитков на Косово ќе им се спротивстави со В.Стојановски, Соколов, Хендрикс, Д.Стојановски, Крстевски, Ѓуроски, Костоски, Младеновски, Магдевски, Трајковски, Караџовски и Стајиќ.

За дуелот надвор од комбинација се Пајиќ, Маслинко и Николовски, додека проблем со повреди имаат Трајковски и Хендрикс.

Македонија вториот натпревар го игра на домашен терен против Романија в недела.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.