Македонските фудбалски легенди дел од Европската недела на спортот

25.09.2018 | 12:01
Прочитано: 540

По повод одбележувањето на Европската недела на спортот, на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“  ревијален натпревар одиграа македонските фудбалски легенди.

Драган Канатларовски, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдовски, Ѓоре Јовановски, Зоран Јовановски, Игор Митревски, Ѓорѓи Христов, Зоран Бошковски – Чоко, Артим Шаќири, Стојмир Урошевиќ, Драган Веселиновски, Неџат Шабани, Горан Ѓеоргиевски, Љупчо Марковски, Панче Ќумбев, Влатко Гроздановски, Светозар Станковски, Жарко Серафимовски, Кочо Димитровски, Саша Ќириќ, Срѓан Захариевски, Драган Мутибариќ, Данчо Целески, Љупчо Кметовски и Томе Пачовски беа дел од натпреварот во рамките на проектот кој се одржува на територија на цела Европа од 23 до 30 септември.

Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории, на сите места, во секакви услови, а крајниот ефект е остварување на идеите на Европската недела на спортот – придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект, односно да останат во навиките на секој поединец во Македонија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.