Македонскиот шампион Шкендија на двобој со Њу Сејнтс од Велс во квалификациите за ЛШ

19.06.2018 | 12:27
Прочитано: 899

Македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе игра со Њу Сејтс од Велс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Ова е исходот по денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Тетовци можат да бидат задоволни од извлекување со оглед на тоа што можеа да добијат далеку посилни противници.

Првиот меч ќе се игра на 10/11 јули кога Шкендија ќе биде домаќин. Реваншот во Велс е седум дена подоцна.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.