Македонски железници почна да го расчистуваат одронот на пругата Велес – Гевгелија

14.03.2018 | 17:55
Прочитано: 686

Дел по дел, почна да се расчистува пругата кај Велес, врз која вчера се урнаа неколку тони тешки карпи. Екипи на Македонски железници успеаја да го извлечат оштетеното возило кое вчера удри во карпите и на негово место да довлечкаат друго, кое со себе донесе и градежна механизација.

Парче по парче, денеска цел ден се кршеше огромната карпа, која е најголем праоблем за да се одблокира железничкиот сообраќај кон Гевгелија и Солун, кој два дена е во прекин. Откако ќе се расчисти пругата, ќе почне деблокирањето на патот. Дали ќе се примени истиот принцип со кршење на камењата или пак ќе се користи експлозив, треба дополнитечно да се одлучи. Од општина Велес велат дека се бара институција, која безбедно ќе ги отстрани карпите. Од Дирекцијата за заштита и спасување и центарот за управување со кризи ги информирале дека немаат ниту капацитет, ниту можности за тоа.

Не упатија да се информираме во Градежниот факултет – во кабинетот по геомеханика и во Централата на Дирекцијата за заштита и спасување во Скопје. Општина Велес испрати писмен допис до овие институции од каде чекаме одговор,  како најсоодветно да се постапи, при тоа водејќи сметка за можните последици при отстранување на карпите, односно предизвикување на нови одрони.“

Карпата надвисната над патот е опасна и мора да се санира, коментираат луѓето од Македонски железници, кои денеска ја водеа акцијата за расчистување. Според нивни проценки, таа нема да издржи уште долго, а да не се струполи повторно врз патот и пругата. Одронот се случи вчераутро, а инцидентот помина без жртви. Но ова е фрекфентен пат, по кој освен возила, често се движат велосипедисти и пешаци. Во близина е и манастирот Свети Димитрија, чиј патронен празник ќе се случи за околу еден месец, а се очекува да го посетат илјадници велешани, кои пеш доаѓаат до него.



Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.