Македонски краткометражни филмови дел од Фестивалот за активизам во Белград

23.09.2012 | 12:36
Прочитано: 1680

Македонски краткометражни филмови и видеа на тема „Маргинализација“ на средношколци од четири скопски училишта се претставија на првиот уличен фестивал за активизам „Врева“ што се одржа во Белград по мотото „Гладни за промени“.

Преку Центарот за медиумски активности (ЦМА) и Македонскиот филмски фонд, белграѓани под отворено небо, во паркот „Теразијска тераса“, имаа можност да ги погледнат филмовите „Синот“, „Образ“, „Жарче“ и „Девојчето со кибритчињата“. На истото место во текот на дводневниот фестивал имаше проекција и на „Турнир“, „Те разбирам“ и „Размисли пред да осудиш“, средношколските видеа кои произлегоа од „Работилницата за визуелна култура“, која како и „Врева“, е дел од активностите на платформата за активизам „ЛИЦЕУЛИЦЕ“.

Фестивалот понуди и  изложби на фотографии, работилници и презентација на рециклирани предмети и накит, дебати за јавниот простор, ....

Публиката во Белград имаше можност да ги чуе и најновите активистички стихови на поетите кои се дел од манифестацијата „Песничарење“. Меѓу учесниците на фестивалот беа основци и средношколци, членови на бендовите „КП2“ и „Жути транзистор“. Музичкиот дел на фестивалот ги опфати и настапите на „Хоркестар“, како и групата „Дебели бициклисти“ кои настапија свирејќи на велосипеди.

Основната идеја на “Врева“ е афирмација на вредности како мултикултура, толеранција, демаргинализација, антидискриминација, инклузија, заштита на животната средина.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.