Македонската компанија Греемак груп, го отвори најголемиот продажен салон на Грее во Eвропа

22.03.2018 | 15:02
Прочитано: 1513

Mакедонската компанија Греемак груп, го отвори најголемиот продажен салон на грее во Eвропа.   Kомпанијата Греемак груп, во свечена атмосфера и во присуство на бројни гости,  високи претставници  од амбасадата на Народна Република Кина во   Македонија, гости од деловната сфера од земјата и странство, претставници на медиуми и јавни личности, отвори ексклузивен продажен салон со извонредно богата понуда на софистицирани технолошки уреди со знакот на Грее.

Салонот се наоѓа во општина Аеродром, а во него може да се најдат  резиденцијални и комерцијални клима, топлински пумпи, прочистувачи за воздух, домашни уреди, фрижидери, машини за перење, прочистувачи за вода, и други софистицирани технолошки решенија во служба на квалитетот и комфорот на живеењето.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.