Македонија против Германија за прво место во групата на ЕП

17.01.2018 | 10:29
Прочитано: 1353

Македонската ракометна репрезентација вечерва против актуелниот европски шампион Германија ќе го одигра последниот меч од првата фаза на шампионатот во Хрватска.

Двете селекции по првите две кола го обезбедија своето учество во втората фаза од натпреварувањето.

Македонија со победите над Словенија и Црна Гора има загарантирани два бода кои ќе ги пренесе во Вараждин, а на нив ќе се додадат и евентуалните бодови од средбата со Германија.

Натпреварот почнува од 18:15 часот во „загрепска арена“. По завршувањето на денешното последно коло од групите Ц и Д, Македонија, Германија и Шпанија ќе се приклучат на главната група 2 во Вараждин.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.