Македонија оди на Светско првенство, Романија недораснат противник

14.06.2018 | 09:59
Прочитано: 1321

Македонската ракометна репрезентација доживеа безболен пораз со 26:25 во Романија, но се радува на нов пласман на Светското првенство, овојпат во Германија и Данска.

Избраниците на Раул Гонзалез ја оправдаа улогата на фаворит во баражот со Романија и без големи проблеми се пласираа на Светското првенство.
 
Температурата во салата во Клуж вчера беше над 30 степени, но нашите ракометари го надминаа проблемот.
 
Дејан Манасков со седум гола беше најефикасен, шест постигна Кире Лазаров, а Борко Ристовски имаше девет одбрани.
 
Ова е четврти пласман за Македонија по ред на Светско првенство.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.