Македонија од утре под снег

24.02.2018 | 17:27
Прочитано: 4641

Постудено време со врнежи од снег утре ќе ја зафати целата територија на Македонија. Врнежите ќе бидат пообилни во ноќните часови, особено во западните и јужните делови.

Како што информираат синоптичарите, пообилни врнежи ќе има утре во текот на ноќта и во понеделник претпладне кога насекаде ќе се формира снежна покривка. На пониските места се очекува да наврнат околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см. Ќе дува умерен, долж Повардарието и засилен северен ветер.

Во вторник се уште ќе има слаби врнежи од снег само во западните делови од земјава.

До четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Вредностите на дневните температури речиси насекаде ќе се задржат под нулата. Утринските температури од вторник до четврток на места ќе се спуштат и под минус 10 степени.

Врнежи од снег ќе има и во Скопската котлина, почнувајќи од утре претпладне, а пообилни ќе бидат ноќта кон понеделник. Ќе се формира и снежна покривка од околу 10 см.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.