Македонија на Венециското биенале на архитектура

30.04.2018 | 14:09
Прочитано: 1265

Република Македонија со проектот „Ослободување на просторот“ (Freeingspace) ќе се претстави на 16. Меѓународна архитектонска изложба-la Biennale di Venezia 2018, која ќе почне на 26 мај и ќе трае до крајот на ноември годинава. 

Претставувањето на Македонија на Венециското биенале е со поддршка на Министерството за култура, Музејот на современа уметност, Град Скопје и општина Центар. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на денешната прес-конференција рече дека годинава македонското претставување е уникатно од повеќе аспекти.

Министерот за култура изрази задоволство од тоа што авторите се согласиле за Венециското биенале да подготват проект кој, како што рече, ќе направи една архитектонска дисекција на таканаречениот проект „Скопје 2014“, која отвора можност за нови согледувања за начините со кои ќе можеме да се справиме со ова наследство кое де факто ќе остави белези на архитектурата на главниот град.

Според него, овој проект не е само патување низ историјата на современата македонска архитектура преку неколку објекти од „Скопје 2014“.

Автори на пректот се: Дејан Ивановски, Филип Јовановски, Благоја Бајковски, Марина Торнатора, Лучија Ла Џуса, Алесандро Де Лука, Владо Данаилов, Мила Димитровска, Гордан Витевски, Александра Шулевска, Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.

Кураторите на годинашново македонско претставување во Венеција се Марија Мано Велевска и Слободан Велевски го претставија проектот и појдовната идеја-современо читање на градскиот простор, односно потенцирање на вредноста на јавниот споделен простор. Велевски рече дека проектот локациски се врзува за Скопје и се испитува наследството кое зад себе го остави проектот „Скопје 2014“.

Во проектот избрале четири парадигматични простори кои, како што рече, се вткаени во архитектонската и колективна меморија на Град Скопје кои претпеа корените промени со „Скопје 2014“. Тоа се платото на МОБ и кејот на реката Вардар, објектот на Владата, Поштата со телекомуникацискиот центар и објектот на МЕПСО и стоковната куќа „НАМА“, која излегува на плошатдот „Македонија“, дело на архитектот Славко Брезоски. 

Од МСУ најавија дека овој проект пред македонската публика ќе биде претставен на почетокот на следната година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.