Македонија и Грција пред конечен договор за името

12.06.2018 | 17:11
Прочитано: 1960

Република Северна Македонија со превод на анлиски за севкупна употреба, со македонски јазик и идентитет – е нвото договорено име, и  додека преговорите за името влегуваат во самиот финиш –  медиумите ги открија деталите.

Иако засега ниту официјално Скопје ниту Атина не откриваат на што точно ќе се стави потпис од страна на премиерите в сабота во Преспа на грчка територија, грчките новинари го објавија договорот:

- Се отстрануваат наводите во Уставот за „заштита на македонското малцинство“ вон границите и се спроведува соодветниот член што постои во грчкиот Устав за дијаспората.
- Се одредуваат преодни периоди за промена на внатрешните документи и овој сложен процес се поврзува со отворањето поглавјата во пристапните преговори.
- Се формира комисија која ќе ја разгледа употребата на трговските ознаки во двете земји
- Се признава македонски јазик (macedonian language) со забелешка дека Северна Македонија во рамките на договорот признава дека овој јазик е со словенско потекло (како што е заведено во рамките на ОН)
- Во однос на националноста важи терминот Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia со јасно споменување дека народот на оваа земја не е поврзан со античката грчка цивилизација.

Фазите по кој ќе се оди откако вака исцратниот договор ќе добие зелено светло од премиерите веже беа објавени, односно  договорот најпрво ќе се ратификува во македонското Собрание, грчката Влада ќе испрати допис до ЕУ и НАТО дека,  го поттикнува почетокот на преговори за интеграција на Северна Македонија со ЕУ и НАТО, под услов дека ќе се направи уставна ревизија“, а до крајот на годината во земајава треба да се одржи и референдум, откако  сите обврски од македонска страна ќе бидат завршени, тогаш договорот ќе дојде на гласање во грчкиот Парламент, а во исто веме ќе се ратификува и членството во НАТО. Засега нема официјална потврда ниту од грчката, ниту од македонската Влада за тврдењата на грчките медиуми за содржината на договорот. Новиот и конечен телефонски разговор треба да се случи пополадневно, по што и Заев, но и Ципрас најавија деталитални информации во двете земји.

„Се надевам дека денеска ќе соопштиме нешто убаво на јавноста, сум оптимист дека можно е да се постигне договор, денеска имаме ушпте еден разговор, за мене многу важен и ќе ги заокружиме сите аспекти. Ако се случи договор, ќе го соопштиме со сите детали, ако има договор, ќе треба да правиме агенди.“ - вели Зоран Заев.

И во Грција и и во Македонија ситуацијата и натаму е иста,  несогласувања меѓу власта и опозицијата. Грчаката опозиција бара итна средба со претседателот на државата Прокопис Павлопулос. Додека во макеоднското собрание наместо расправа за  Извештајот на Европската комисија парламентарното мнозинство и опозицијата со обвинувања околку тоа кој, какви преговори водел за името.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.