Мајката на претепаното бебе и денешниот ден го помина во полициска станица

11.07.2018 | 17:49
Прочитано: 1002

По 24 часа поминати во полициска станица мајката на 14месечното бебе кое беше брутално претепано е пуштена. Нема информации дали открила кој ја претепал нејзината ќерка.

Пет дена по крвничкото претепување на девојчето истражните органи се уште утврдуваат кој е сторителот на бруталниот чин. Од обвинителството велат дека ги чекаат предметот и кривичната пријава од МВР. Засега овој случај е во фаза на предистрага и не се открива кој е осомничен. Од МВР се уште не соопштуваат никакви детали, повикувајќи се на тајност на постапката.

Мајката вчера беше задржана во станица, каде била донесена од шелтер центар. Во меѓувреме четиранесет месечното бебе е во подобра здравствена состојба и од КАРИЛ е префрлено на Клиниката за детска хирругија. Оттаму за ТВ 24 велат дека бебето е во релативно стабилна состојба, нема да има потреба од хируршка интревенција, но останува на одделот за интензивно лекување под мониторинг на лекарите.  На бебето веќе му е одреден старател, а откако ќе биде пуштено од болница ќе биде дадено на згрижувачко семејство.

Од Центарот за социјални работи каде дваесет годишната мајка била корисник на парична помош велат дека досега не пријавила насилство врз неа и врз бебето, и порај тоа што лекарите кај бебето констатирале повреди со старо потекло.
Случајот од вчера го испитува и Народниот правобранител кој порача наместо во канцеларии социјалните работници да работат повеќе на терен со семејствата во социјален ризик.

Ова е втор случај за помалку од месец дена во кој деца од социјално загрозени семејства страдаат. Пред неколку недели во пожар во Велес изгореа три деца, кои исто така им беа познати на социјалните служби. Јавното обвинителство се уште нема одговор кои се причините за настанувањето на пожарот ниту дали некој ќе понесе кривична одговорност. Нема одговор ниту од социјалните инспектори кои испитуваа дали социјалните служби во Велес затаиле во овој случај.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.