Мајка на едно од убиените мочиња кај Смилковско: Сите што го извршија грозоморниот чин да се плашат од солзите на нашите деца

17.04.2018 | 12:15
Прочитано: 15142

Судскиот процес Монструм кој денеска за прв пат требаше да почне под палката на СЈО е одложен бидејќи обвинетиот Фејзи Азири бил во болница и не можел да присуствува. На неговото отсуство реагираше и обвинителката Фатиме Фетаи, но и родителите на петтемина убиените пет момчиња кај Смилковското езеро пред 6 години.  Таткото на Александар Наќевски побара стражарно да биде донесен премиерот Зоран Заев во судница и да биде извршен претрес во седиштето на СДСМ.

Горан Наќевски самоиницијативно даваше изјава пред судот под полна морална и кривична одговорност и го обвини Заев дека откако коалицирал со ДУИ манипулирал и уценувал со доказите за овој предмет. Наќевски тврди дека Заев им покажал разговор меѓу Невзат Бејта, функционерот од ДУИ и обвинетиот Фејзи Азири, а пет разговори не им ги дал под изговор дека се работи за државна тајна.Судот не одлучуваше по овие барања. Од СЈО беа присутни тројца обвинители.

„Децата ни ги убија во четврток вечерта, во петок ни ги донесоа, а нивните очи беа отворени. Се до саботата, додека да ги погребаме им течеа солзи. Сите тие што го извршија грозоморниот чин да се плашат од тие солзи“, рече  Зорица Наќевска, мајка на убиениот Александар во судница.

Наќевска прочита и транскрипт од разговор кој наводно се водел помеѓу обвинетиот Азири и едно од непознатите лица.

По денешното барање адресирано до Заев, од Владата порачуваат дека целосната надлежност за Монструм е во рамки на правосудниот систем и дека очекуваат транспарентна постапка која ќе ги расветли сите прашања.

„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не го довршив тој никаквец“.

Од СЈО велат подготвени се да го водат предметот и ќе ја откријат вистината.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.