ЛШ, 1/4-финале: Реал и Јуве во реприза на минатогодишното финале

16.03.2018 | 13:11
Прочитано: 1682

Битката за титулата оваа сезона во Лигата на шампионите продолжува со нови возбудливи четвртфинални пресметки.

Денешната ждрепка во Нион посака минатогодишното финале меѓу Реал Мадрид и Јувентус оваа сезона да се репризира уште во четвртфиналната фаза.

Со сигурност една екипа од Премиерлигата ќе гледаме во полуфиналето, по меѓусебната пресметка на Луверпул и Манечстер Сити. А, противници по желба добија Барселона и Баерн Минхен. Барса против Рома, Баерн против Севиља.

Првите четвртфинални средби се закажани за 3. и 4. април, а реванш дуелите ќе се одиграат на 10.и 11.април.

Полуфиналната фаза е предвидена за 24/25 и 1/2 мај, додека големото финале се игра на 26 мај (сабота) на Олимпискиот стадион во Киев.

Четвртфинални двојки во ЛШ:
Барселона – Рома
Севилја – Баерн Минхен
Јувентус – Реал Мадрид
Ливерпул – Манчестер Сити


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.