Локвенец, Атанасов, Ибрахим и Кузмановска ќе сведочат што виделе при упадот во Собранието

13.09.2018 | 17:20
Прочитано: 934

Нови четворица сведоци денеска беа распрашани за случувањата од 27. април минатата година. Во претпладневната сесија на судсњкиот процес во својство на сведци, но и оштетени беа распрашени пратеникот Енес Ибрахим и актуелниот заменик- министер за образование, Петар Атанбасов, а попладнево треба да бидат сослушани и пртатениците Катерина Кузмановска и Хари Локвенец.

Пратеникот Ибрахим рече дека и по пет години поминати во Собранието на Република Македонија, се уште тешко ја пронаоѓе прес-салата, но тоа не било случај и со толпата која влегла да се пресмета со пратениците.

„Не ги сретнав кои ме нападнаа, но тоа што го доживеавме беше страшно. Тие што беа соучесници мора да одговараат. Добивав пцовки и на турски јазик.“ - изјави Енес Обрахим.

Ибрахим посведочи дека тоа што го преживеал на „крвавиот четврток“ е нешто што сака никогаш да не му се повтори, но призна дека за прв пат бил загрижен за сопствениот живот. Сведокот кажа дека лице со „фантомка“ на глава, стоел до Зоран Заев и ги координирал лицата кои атакувале на него. Тој кажа дека и самиот бил удрен по глава и дека по пад на подот брутално бил удиран со клоци.

Поранешниот пратеник, а сега заменик министерот за образование, Петар Атанасов, посведочи дека неколку дена пред да се случат насилства, пратениците на тогашната опозиција биле постојано под закани.

Атанасов рече дека најмногу му верувал на пратеникот Крсто Мукоски, бидејќи тој бил најсугестивен во заканите коишто ги упатувал до сите пратеници на СДСМ.
По ваквото кажување на Атанасов имаше реакција токму од Мукоски, кој, пак, за своето однесување беше опоменат од судот.   

„Во Македонија по изборите во 2016 не беше дозволена демократкса транзиција на власта, некој употреби насилство, некој правел нешто и некој не дозволи подемократски избори.“ - изјави Петар Атанасов.

Според Атанасов, мала е веројатноста некој кој за прв пат влегол во Собрание дека со леснотија ќе ја пронајде прес-салата што недвосмислено упатува на заклучокот дека некој од внатре и помагал на разулавената толпа. 


Љубиша Станковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.