Лидерска средба в понеделник – во игра ли е широка влада?

21.07.2018 | 17:55
Прочитано: 10058

Во понеделеник утринското кафе Зоран Заев, Христијан Мицкоски ќе го испијат заедно, а друштво ќе им прават и Али Ахмети и Билал Касами. Лидерската и официјално е закажана в понеделник наутро.

На неа влaста очекува да падне договор за ДИК, но и за поддршка од опозицијата за референдум, од друга страна опозицијата очекува да бидат исполнети нивните барања – пржинска валда, закон за фианнсирање на партиите, но измени на кривичниот законик. 

Токму според информациите дека копјата ќе се кршат извори, од лидерската очекуваат токму во кривичниот законик. Дали дел од пакетот ќе биде и широка влада се отвора како прашање, откако од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека токму таква понуда добиле од премиерот. Од партијата на Мицкоски брифираат дека Заев им понудил три министерски места, а  во замена, Мицкоски требало јавно да го повика членството да гласа на референдум.

Според информациите, широката влада би имала мандат до членството на Македонија во НАТО и би работела и на реформите за ЕУ. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие ја одбиле понудата. Од СДСМ пак воопшто не сакаат да коментираат за опцијата, широка влада.

Сепак, дека таква идеја се ставила на маса брифираат и извори од  албанскиот блок. Во однос на кривичниот законик од СДСМ велат дека тие немаат против законски подобрувања, но тврдат дека јасно кажале дека измените не смее да задираат во случаите на СЈО. Од кај Мицкоски тврдат такво нешто не ни бараат, туку инсистираат на измени кои би ги заштитиле партиите.

Според изворите на тв 24, од партиите кои се дел од лидерската – приближување за пржинската влада имало, но условот и за тоа било поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, што Мицкоски не кажал дали е подготвен јавно да ја даде.

И додека партиите зад завесата играат со отворени карти, а исходот сите го чекаат в понеделник – изборните правила со кои се намалува мнозинството за избор на ДИК се подготвени за гласање. Доколку нема договор, не се исклучува да се гласаат во понеделник.

30ти јули пак е датумот кој е планиран за распишување на референдумот. Официјално собранискиот спикер вели дека нема краен рок за референдумот, но порачува дека  договорот со Грција ќе излезе во Службен весник пред пратеницте да глсаат за референдум.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.