Лидерот на албанската опозиција повикува на протести

10.01.2018 | 09:40
Прочитано: 760

Лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Љуљзим Баша најави одржување масовен протест на 27 јануари.

Тој ги повика сите албански граѓани да и се придружат на опозицијата на сенародниот протест против, како што рече, сиромаштијата, економската криза, неправдата и правосудството кое е под заложништво на политиката.

„Денеска имаме нарко држава што се потврдува и од објавениот извештај на САД. Оваа нарко држава е изградена на темелите на беззаконие, кое е основа на украдени избори“, истакна Баша.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.