ЛГБТ: Да не се злоупотребува прашањето за истополови бракови

05.07.2017 | 18:15
Прочитано: 2971
Отворањето на прашањето за легализација на истополовите бракови доаѓа во лош тајминг, сметаат дел од активистите на  ЛГБТИ правата. Прачуваат дека политичарите не треба да ја злоупотребуваат оваа тема за собирање политички поени или за дефокусирање на јавноста од други поважни прашања.
 
Кога станува збор за ЛГБТИ лицата, потребно е прво да се овозможат основните права како што се закон за заштита од дискриминација, воведување сексуално образование и санкционирање на говорт на омраза кон оваа заедница, па потоа да се говори за истополови бракови. 
 
„Многу често геј браковите се користат во политички дискусии, како тема за добивање на политички поени и за одвлекување на вниманието на јавноста од битните теми, како што е корупцијата, невработеноста и криминалот. Сите лица се жртви на сиромаштија и бараат азил во странство.“ - вели Антонио Михајлов – Субверзивен Фронт
 
Дел од ЛГБТ заедница смета дека прашањето за истополови бракови во општество кое е традиционално како македонското, може да предизвика контра ефект и зголемувње на хомофобијата. Затоа треба постепено и промислено да се дебатира.
 
„Ние сеуште не знаеме колку исполови двојки има во Македонија и колку тие би сакале да склучат брак и кои права ги содржи тој брак.“ - вели Михајлов.
 
Темата ја отвори најстариот пратеник во Собранието од редовите на ДУИ Бранко Манојловски. Во емотивен настап, обрајајќи се на англиски а потоа и на македонски јазиик. побара законски да се овозможи хомосексуален брак во земјава. 
 
„Сум работел често со хомосексуалци и не гледам разлика. Сакам со закон да се одобруваат ова право и законски да им се обезбедат сите нивни права“ - изјави Манојлоски.
 
Ова предизвика лавина реалкции. Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири, преку религиозна изрека од пророкот Мухамед ја осуди хомосексуалноста. Зекири денеска не сакаше да коментира и изјави дека става крај на дебатата. СДСМ се огради од неговиот став, додека пак за ВМРО- ДПМНЕ порача дека „Бракот е заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена, а на Македонија не ѝ требаат експерименти со истополови бракови или посвојување на децата без родители од страна на двојки од ист пол“. 
 
Невладините организации ги осудија како што велат хомофобичните изјави на актуелните пратеници кои преку дискриминаторски говор и говор на омраза ја деградираат ЛГБТИ заедницата, спротивно на реформската насока на политичко делување за која се залага новата Влада. 
 

Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.