Летно сметање на времето од недела

22.03.2018 | 13:13
Прочитано: 2956

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред во недела (25 март), времето во два часот по полноќ ќе се смета како три часот, со што почнува летното сметање на времето.

Како што соопшти Министерството за економија, летното сметање на времето во 2018 година завршува на 28 октомври во три часот наутро,  кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад.

Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето за 2018 година е усвоена на последната седница на Владата, согласно директива на Европскиот Парламент.

„Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање“, се вели во соопштението од Министерството за економија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.