Лекиќ во топ-5 гола во четвртфиналето

16.04.2018 | 12:48
Прочитано: 616

Aндреа Лекиќ повторно се најдe во изборот на ЕХФ на најдобрите голови од четвртфиналето во Лигата на шампиони за ракометарки.

Втора недела по ред Лекиќ го добива четвртото место во топ-5 гола и повторно со цепелин на асистенција на Александра Лакрабер.

Вардарки го победија Митјиланд со 32-25 и се пласираа на фајналфор-турнирот заедно со Ѓер, Букурешт и Ростов, а утре ќе дознаат кој ќе биде нивен противник во полуфиналето. Ждрепката е предвидена за утре во 18 часот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.