Лекарите во небрано - што да прават со амнестираните затвореници зависници

13.02.2018 | 17:32
Прочитано: 1202

Центарот за лекување на зависници во Кисела Вода го преплавија затвореници кои се пуштаат на слобода со законот за амнестија. Од донесувањето на законот досега се примени 20тина зависници, голем дел од нив доаѓаат без здравствено осигурување поради што лекарите се приморани да ги враќаат.

Се жалат дека тие се ставени во небрано - не знаат ни самите што да прават, бидејќи без осигурување не смеат да дадат терапија, од друга страна пак ако овие лица останат без метадон постои ризик да се вратат на дрогата и претставуваат закана за општеството.

„Персоналот што работи со оваа популација е мал и не може да одговори на стандардите. Имаме голем број на пациенти кои на неделно доаѓаат во овој центар. Има и затвроски пациенти кои немаат медицинска документација за да го реализираме приемот и се соочуваме со агресија.“ - вели д-р Лилјана Игњатева – Дикреторка на Центар – Директорка на Центар за зависности Кисела Вода.

Вработените велат дека тие и без тоа куборат со кадар, немаат капацитети да одговорат, а дополнително со овој проблем се отежнува работата. Донесувањето на овој закон го постави прашањето дали службите во затворите ги подготвуваат затворениците пред да ги пуштат на слобода, води ли сметка државата што по излегувањето од затвор, но и каква е координацијата помеѓу институциите - казнено поправните домови и здравствениот систем?

Стратегија на хартија има но во пракса тешко се имплементира – вели директорката на Центарот за лекување на зависности.

„Се зголемува криминалот и ризикот од предозирање и заедницата ни е небезбедна“ - вели д-р Игњатева.

Колкава е бројката на затвореници кои се зависници од дрога а се пуштени на слобода – одговор од надлежните не добивме. Од министерството за здравство пак  не одговрија како ќе го решаваат проблемот – дали министерството има некаква стратегија за да им се обезбеди здравствена заштита и да се спречи овие лица да се вратат на дрогата и криминалите, но и колку дали здравствените установи ќе имаат капацитети да се справат со напливот од затвореници за кои ќе треба да се грижат.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.