Легалниот канабис скап и слаб, граѓаните масло набавуваат на црно

19.05.2018 | 18:46
Прочитано: 4003

 

И покрај легализацијата на канабисот за медицински цели, пациентите и натаму маслото го набавуваат на црниот пазар, велат од невладините организации.
Цената на маслото во македонските аптеки е превисока, а истовремено концентрацијата на активните состојки е премала, вели претседателот на здружението Зелена Алтернатива.
Според Достовски законот не ги дал очекуваните ефекти и потребни се измени.

„Тоа за медицински цели не функционира, затоа што не гледам да има резултати, продукти по аптеки. Луѓето повторно сами си прават или земаат од црниот пазар, затоа што вистинските екстракти се уште не се присутни во Македонија така што задоволни сме што нешто почна да се случува, но незадоволни сме поради тоа што не е целосно“, вели Филип Достовски – Здружение „Зелена Алтернатива“

Доктор Вандерсан од Канада е општ лекар кој со години наназад своите пациенти ги лекува со канабис. Најчесто вели станува збор за пациенти со хронични болки.
Според неговите искуства, употребата на канабисот дала ефикасни и позитивни резултати во тратманот. Во Канада 300 000 пациенти се лекуваат со канабис.

„Тој третман на болка може да дојде во различни форми и причини без разлика дали е болка во грбот или реуматичен артритис, но можам да кажам дека со употребата на луѓето не само што им помага да се справат со болката туку ја и намалува конвенцијалната употреба на другите лекови“, вели д-р Јоханес Вандерсан

Македонија канабисот за медицинска употреба го легализираше во 2016-та година и според законот продуктите од канабис може да ги препишуваат само четири докотри - специјалисти - невролози, инфектолози, радиолози и онколози.

Дел од пациентите и невладините организациии уште пред да се донесе законот алармираа дека со законските решенија се фаворизираат финансиски моќни правни лица кои ќе го контролираат пазарот со канабис и неговите деривати, поради што цената ќе биде превисока и недостапна за пациентите, но нивните сугестии не беа земени предвид.

 


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.