Лажен аларм за ракетен напад врз Хаваите

14.01.2018 | 17:21
Прочитано: 1336

Лажен аларм за ракетен напад предизвика паника меѓу жителите на Хаваи. Голем Дел од нив добиле телефонска порака со предупртедување дека следува напад со балистички ракети и барање веднаш да се евакуираат, а предупредувањето исто така го пренесоа и телевизискирте и радио станиците.

Жителите на островите веднаш се обиделе да дојдат до засолниште, а дел од нив дури влегувале и во шахти и ги затворале капаците над себе.

После четириесетина минути, на жителите им било соопштено дека станува збор за грешка и дека не следува никаков напад. До инцидентот дошло откако вработен во агенцијата за справување со итни состојби притиснал погрешно копче.

Постои процедура која се случува пред крајот на секоја смена. Вработените мора да се сигурни дека системот функционира но во овој случај, вработен во агенцијата притиснал погрешно копче. Навистина ми е жал поради целата конфузија која настана.“ - Дејвид Иге, гувернер на Хаваи.

За првпат по крајот на Студената војна, на Хаваите започна тестирање на сирените за предупредување од напад, како одговор на зголемените закани од развојот на севернокрејската нукеларна и ракетна програма.


Стојанчo Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.