Лажен аларм за ракетен напад врз Хаваите

14.01.2018 | 11:08
Прочитано: 1292

Лажен аларм за опасност од ракетен напад предизвика синоќа паника меѓу жителите на Хавајските Острови.

Засега не е целосно јасно како дошло до објавување на предупредувањето за напад со балистички ракети врз оваа американска сојузна држава во централниот дел на Тихиот Океан, кое е повлечено по 40-тина минути. 

Белата куќа меѓутоа соопшти дека станувало збор за вежба и дека американскиот претседател Доналд Трамп е целосно запознат со целиот случај.

По објавувањето на алармот луѓето на Хаваите во паника ги напуштале своите домови во обид да најдат засолниште, но по 38 минути до сите корисници на мобилни телефони е испратено известување дека станува збор за лажно предупредување. Американската Федерална агенција за комуникации соопшти дека покренала истрага за случајот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.