Лазаров: Нема никому да се предадеме

09.01.2018 | 14:34
Прочитано: 1347

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров во пресрет на Европското првенство во Хрватска повеќе шанси за освојување бодови гледа на дуелите со Германија и Црна Гора, отколку на средбата со Словенија, но потенцира дека „црвено-жолтите“ нема да се предадат однапред на ниеден натпревар.

„Можам да го кажам е дека ние нема да се предадеме без оглед со кого играме, ама сега да кажам дека ќе ја победиме Словенија, Германија, потоа во вториот круг Шпанија, Данска, би било малку арогантно и нереално. Што се однесува до нашата група, мислам дека имаме многу поголема шанса против Германија и Црна Гора отколку против Словенија. Ќе видиме, не очекува напорна работа и одење чекор по чекор на секој натпревар“, изјави Лазаров во интервјуто за Спорт клуб.

Македонија на ЕП е во група со Словенија, Црна Гора и Германија. Првиот дуел го игра на 13 јануари со Словенија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.