Лазаров: Ги чекам резултати од дополнителни прегледи

22.01.2018 | 20:03
Прочитано: 1575

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со смирувачка порака до македонската јавност, дека се уште постои можност тој да биде дел од претстојните натпревари на црвено-жолтите на Европскиот шампионат во Хрватска. 

Македонија вчера беше поразена од Шпанија, но загубата ќе биде дополнително потешка, доколку капитенот Лазаров нема да игра во продолжението на првенството. 
 
Лазаров поради повреда мечот го заврши по десетина минути игра, а денеска беше на специјалистички прегледи во Загреб, по што  изјави дека останува во Загреб.
 
- Во очекување сум на магнетната резонанца. Не можам ништо да кажам, бидете трпеливи. Се надевам попладнево ќе знаеме нешто повеќе, рече Лазаров. 
 
Според последните информации, повредата на Лазаров сепак не е со тежина за каква првично се стравуваше поради што од Ракометната федерација на Македонија веднаш се ангажирани врвни медицинска лица од регионот кои заедно со лекарскиот тим на македонската репрезентација ќе се обидат да го подготват капитенот за следните предизвици на ЕП. 
 

Дали Кирил Лазаров ќе биде на располагање на селекторот Раул Гонзалес дефинитивно се очекува да биде познато во текот на утрешниот ден, непосредно пред самиот натпревар со Чешка кој ќе се игра во терминот од 20 часот и 30 минути.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.