Лавров: Русија во ЕУ не гледа непријател

13.09.2018 | 10:29
Прочитано: 640

Русија во ЕУ не гледа непријател, туку пред се значаен сосед и партнер, со кого има заедничка енергетска и транспортна инфраструктура. изјави рускиот министер за надворешни работи Срегеј Лавров.

- За жал односите меѓу Русија и ЕУ во моментов не се во добра форма. Ние жалиме затоа што Брисел не е понезависен и беше вовлечен во спиралата на антируски санкции по желба на Вашингтон, изјави Лавров во интервју за германската новинска агенција ДПА во пресрет на неговата утрешна посета на Германија.

Тој нагласува дека Москва била изненадена „од брзината со која ЕУ се согласи да загуби милијарди“, приклучувајќи се кон американските санкции кон Русија.

- Американците не трпат никкави згауби. Веруваме дека на крајот ќе надвладее здравиот разум и ќе се вратиме на патот на дијалг со взаемно почитување, посочи Лавров.

Осврнувајќи се на руско-американските односи, Лавров вели дека Москва ги смета за несериозни изјавите на Трамп дека сака нормализација на односите меѓу Русија и САД.

- Ние сме подготвени да го сториме она што зависи од нас за да ги извлечеме билатералните односи од ќор-сокакот во кој западнаа, изјави Лавров, додавајќи дека се потребни практични чекори за манифестирање на искрен интерес за конструктивна соработка. - Русија засега не гледа нешто такво, додава шефот на руската дипломатија. 

Лавров нагласува дека во последниов четврт век западните влади се обидувале да ја ограничат Русија, што достигнало кулминација со „внатрешната политичка криза во Украина во 2014 година“.

- Тензиите меѓу Русија и западните влади не чинеа многу, а штети претрпеа и меѓународната безбедност и стабилност. Не е премногу доцна да ги надминеме таквите тенденции. За да го поситгнеме тоа, треба да се фокусурама на чесен однос и взаено уважување, почитувајќи се едни со други, истакнува Лавров во интервјуто.

Лавров во Берлин ќе присуствува на завршната церемонија на манифестацијата „Година на соработка меѓу германсите и руските градови“, а ќе има и средба со неговиот германски колега Хајко Мас.

Според најавите, на средбата ќе стане збор за односите меѓу Москва и Западот, за соработката меѓу Русија и Германија, како и за повеќе глобални теми, со посебен акцент на сириската криза.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.