Лавров и Тилерсон разговарале за ситуацијата во Сирија

20.01.2018 | 19:52
Прочитано: 1638

„Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска разговарале телефонски за ситуацијата на северот од Сирија“, соопштило руското министерство за надворешни работи.

Како што се наведува Лавров и Тилерсон разговарале „за состојбата во Сирија, вклучувајќи го и проблемот со стабилноста на северот од земјата и за промовирање на мировното решение под закрила на ОН што треба да биде постигнато на Конгресот за национален дијалог на Сирија, што ќе се одржи во Сочи“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.