Квалификации за ЕП 2018: Македонија со победа против Фарски Острови

21.03.2018 | 23:17
Прочитано: 1096

Женската ракометна репрезентација на Македонија го забележа првиот триумф во квалификациите за пласман на ЕП 2018 во Франција, откако ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 22:15 (7:7).

Одличното второ полувреме им донесе триумф на „црвено-жолтите“, откако во последната четвртина од мечот ја направија решавачката предност.

Најпрецизна во нашиот состав беше Ристовска со 8 погодоци, додека Бајрамовска и Керамичиева постигнаа по четири.

Втората средба ќе се игра во СРЦ „Кале" на 25 март со почеток во 19 часот.

 

Во другиот денешен натпревар од оваа квалификациска група, Србија на домашен терен ја победи Шведска со 30-23 и се издвоија на лидерската позиција на табелата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.