Крвава драма во Белград: Поради отказ од работа пукал во своите колеги

12.03.2018 | 15:16
Прочитано: 3162

Крвава драма во Белград. Поради отказ од работа 31-годишниот Небојша С. упаднал во фирмата каде што работел и почнал да пука во своите колеги. Во пукањето убил еден од колегите, а ранил двајца и побегнал.

Српската полиција соопшти дека Небојша подоцна бил пронајден во својот стан со тешки телесни повреди. Според српските медиумите, тој се обидел да си го одземе животот. Пукал во плинска боца со што си го разнел станот.

Од експлозијата се затресла целата зграда на улицата „Војвода Саватија“, а неколку часа подоцна пожарникарите успеале да го локализираат пожарот. Небојша е и понатаму жив, но лекарите од Ургентниот центар се борат за неговиот живот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.