Кривичниот суд утре ќе објави дали ќе има судење за 27 април

21.06.2018 | 17:52
Прочитано: 3577

Уште еден ден неизвесност за најголемиот предмет од крвавиот четврток. Утре Кривичен суд ќе соопшти, дали за прв пат во историјата на парламентарната демократија  во земјава,  ќе им се суди на петмината пратеници и поранешниот  министер за внатрешни Митко Чавков за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

 По речиси три месеци откако беше  поднесено обвинението тричлен совет денеска заседавал зад затворени врати, потврди за тв24 првиот човек на скопска единица.

„Имаше седница на која се разгледуваа приговорите за обвинението, но додека не биде изготвена и испратена до странките, нема да биде објавена одлуката“, вели  Иван Џолев - претседател

Адвокатите велат дека побарале рочиште за и тие да присуствуваат  пред одлучување по приговорите, но седницата се одвиваше зад затворени врати, а се анализирале аргументите од обвинетите, зошто не треба да им се суди за крвавиот четврток. Во овој предметот 35мина обвинети,  опфатени се и началници, луѓе од собраниското обезбедување, но и учесници во насилните протести од 27 април. Обвинети се и режисерот Борис Дамовски, оперскиот пејач Игор Дурловски,  Богдан Илиевски, викан Бетмен. 

Според обвинителството  имало повеќе групи со различна улога за спроведувањето на насилниот упад. Пратениците биле логистиката од внатре, помогнале да се отворат собраниските врати. Но, засега нема одговор кој го нарачал крвавиот четврток. Обвинителството паралелно води истрага, кој го направил клучниот повик од Виена, по кој групата тргнала во спроведување на насилен упад во законодавниот дом, каде Талат Џафери беше избран за претседател.

 


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.