Кривични пријави за три лица за недозволено држење оружје и муниција

27.03.2014 | 14:58
Прочитано: 469

Министерството за внатрешни работи во два одвоени случаja откри три лица кои недозволено држеле оружје и муниција. Во првиот случај поголемо количество оружје и муниција е пронајдено во автомеханичарски сервис во скопски Сарај, а во вториот во возило сопрено од полицијата кај Гостивар.

- По добиени оперативни сознанија дека 34 годишно лице од Сарај држи поголема количина оружје и муниција и обезбедена наредба од страна на судија на претходна постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, денеска изврши претрес во неговиот дом и во автомеханичарски сервис „ВЕБИ-КОЧ“ кој е исто така во негова сопственост, информира министерката за внатрешни работи Гордана јанкулоска на денешната прес-конференција.

Таа посочи дека при претресот се пронајдени и одземени една пушка „Карабин“, еден Пиштол марка „Берета“, шест рамки за автоматска пушка, чеетири рамки за пиштол, еден тромблонски додаток, шест држачи за куршуми, 574 куршуми калибар 7,62 мм за автоматска пушка, еден светлечки куршум, 176 куршуми клибар 9мм, 190 куршуми калибар 7,62 мм за пиштол, 22 куршуми непознат калибар, еден куршум за ловна пушка и еден куршум калибар 32 мм.

- Одземените предмети се бидат предадени на вештачење во Оддел за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, а до Основното Јавно Обвинителство - Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава против лицето поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“, информира Јанкулоска.

Во вториот случај, вчера околу 2 часот и 30 минути, во населбата Малеарди, на влезот на Гостивар, службеници од Полициската станица Гостивар се обиделе да запрат патничко возило „Нисан“ со гостиварски таблици, што го управувало 28 годишно лице, а со него се превезувал уште еден жител на село Сенокос на возраст од 35 години.

- Возилото наместо да застане, наеднаш ја променило насоката на движење и се упатило кон Тетово. Набргу, полициските службеници го стигнале и ги лишиле од слобода двете лица во него. При направениот преглед, во багажникот, пронајдена е автоматска пушка без кундак со куршум во цевката и со рамка со 19 куршуми, додека кај двете лица пронајдени се две рачно изработени „фантомки“, два пара гумено-платнени ракавици, метален пендрек на расклопување, јаже долго околу два метра и метален осигурувач со алка. Двете лица од возилото приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар, а пронајдените предмети со потврда се одземени и ќе се вештачат, посочи Јанкулоска.

Нешто подоцна, нагласи, со наредба на судија во претходна постапка од Основниот суд Гостивар, извршен е претрес во куќата на еден од приведените, каде се пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби.

Против двете лица е поднесена соодветна кривична пријава. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.