Кривична пријава за управителот на Јадран филм ДООЕЛ Скопје

29.12.2017 | 13:17
Прочитано: 2030

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против В.Г. управител на Друштвото за филмска и видео продукција Јадран филм ДООЕЛ Скопје, осомничен за кривично дело „Поттикнување“ - „Злоупотреба на службена положба и овластување".

Управата информира дека извршила дополнителни проверки во врска со кривичната пријава против поранешната директорка на  Агенцијата за филм М.Ѓ.И., за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, при што е утврдено дека управителот на „Јадран филм“ В.Г. постапил спротивно на член 37 од Законот за филмска дејност.

- Иако имал обврска 65 проценти од доделените парични средства наменски да ги потроши во Република Македонија, во три наврати извршил откуп на девизни средства и ги префрлил на фирми во Република Хрватска и САД, како и на сметката на неговата фирма „Јадран филм продакшн сервис“ Д.О.О Загреб која е и основач на „Јадран Филм“ ДООЕЛ Скопје, на кој начин се стекнал со противправна имотна корист на штета Агенцијата за филм на Република Македонија за износ од 34.428.357 денари, соопшти Управата за финансиска полиција


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.