Косовската полиција знае кој го купил автомобилот од каде е пукано во Ивановиќ

19.01.2018 | 11:59
Прочитано: 1619

Косовската полиција тврди дека го идентификувала лицето кое во 2017 година го купило автомобилот од каде, како што се верува, дека е пукано во Оливер Ивановиќ, лидерот на партијата „Србија, демократија, правда“.

Во соопштението на косовската полиција е наведено дека возилото било во Србија од 2009 година, а во 2017 година е продадено на друго лице. Претставникот на полицијата Владимир Ребиќ, претходно потврди дека запленетиот автомобил, од каде, како што се верува е пукано во Ивановиќ, му припаѓал на Србин од Австрија, кој починал, а потоа возилото е повеќепати продадено.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.