Конференција за медиумска писменост

22.02.2018 | 19:29
Прочитано: 982

На образованието му се потребни итни и темелни реформи.Медиумската писменост во образовните установи во Македонија, речиси и да не постои. Дополнително  потребна е  едукација  за младите  за лесно  да ги препознаат лажните информации кои секојдневно  се сервираат на јавноста-ова се заклучоците на конференцијата за медиумската писменост во земјава.
 

„Еднa од целите на стратегјата за образование 2018-2025 е да создаде активни граѓаникои критички ќе размислуваат.“ - изјави Владимир Делов Потпарол- Министерство за образование и наука.

Познавачите велат дека медиумската писменост како концепт е запоставен во образовниот систем. Ретки се оние професори ко вложуваат напори да ги подготват младите да ги препознаваат и да се справуваат со манипулациите и лажните вести со кои глобално е преплавен медиумски простор.

„За д можат во текот на наставата да ја прецепираат таа информација дали е лажна или има друга форма на манипулација во неа, про треба тој час да им биде зададен во распоред во текот на неделата Ние такви часови во напиот образовен систем, немаме.“ - изјави Александра Теменугова- Висока школа за новинарство.

Професорите пак сметаат дека се потребни нови обуки за наставниот кадар, за да можат да бидат во чекор со учениците.

„Медиумската писменост сеуште е само иницијатива, која не можеме да ја интегрираме во рамки на наставните предмети како посебни наставни содржини или во некоја форма на пристап. Се е поврзано со колку самите училишта имаат техничките можности за тоа и колку наставниците имале такви обуки за да можат да ја интегрираат медиумската писменост“ - изјави Тамара Ќупева-професор по македонски јазик.

На конференцијата учествуваа осум граѓански организации и осум медиумски партнери во рамките на Коалицијата за медиумска писменост што во 2016 ја основаше Високата школа за новинарство  со цел да се унапреди  медиумската писменост во земјата.


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.