Конче го реши проблемот со водоснабдување на 500 домаќинства

16.05.2018 | 12:14
Прочитано: 1938

Конче почна да го решава проблемот со водоснабдување на домаќинствата од општинскиот центар и населеното место Љубанци што преставуваше најголем проблем за жителите посебно преку летните месеци.

Направена е нова бушотина со дополнителни  пет литри во секунда кои ќе ги задоволи потребите на околу 500 домаќинства за да нема рестрикции во водонсабдувањето.

„Со самата бушотина решаваме голем проблем на снабдување со пивка вода во селото и со оваа вода го решаваме проблемот во село Лудница.“ - изјави Благој Илиев, градоначалник на Конче.

Новата бушотина за вода ја направи Бучим кој наскоро ќе го отовори новиот рударски комплекс Боров дол. На нивен трошок се направи истражувањето и реализацијата на новата бушотина којач чинеше над 600 000 денари.

„Сакаме да помогнеме секаде, а со населенијата се трудиме да имаме најдобри односи. Во оваа ситуација, инвестицијата е добра.“ - изјави Николајчо Николов, Бучим.

Жителите на Конче посебно од горниот дел на селото речиси секое лето немаа вода или со намален притисок. Сега очекуваат конечно вода да имаат и во своите домови, а не преку селските чешми.

Конче е најмалата општина во Македонија со околу 3500 жители и со оглед на слабиот финансиски капацитет подршката и соработката со бизнис секторот ја сметаат за исклучително важна.
 


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.